ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Слушнете ја новата песна „Сам“ на Игор Митровиќ

ВИДЕО: Слушнете ја новата песна „Сам“ на Игор Митровиќ

 

Во тој контекст, Игор Митровиќ ја објави новата песна „Сам “ чиј спот го изработија 3Д Проект Студио, на чело со Милчо Узунов. На Милчо му асистираа младите режисери Сандра Ѓоргиева и Горијан Атанасов.

„Спотот се снимаше цели 2 дена, беше напорно, но владееше супер енергија додека траеше снимањето“, вели Митровиќ.

Имено, видео приказната е реализирана на две локации во Скопје и студиото на Александар Масевски, кој всушност е и комплетниот автор и продуцент на “Сам”.

Бас гитарата ја отсвире Марко Василевски (Jazz група Fierce), додека електричните гитари ги свири Иле Спасев.

Во продолжение, слушнете ја „Сам“!