ммм - македонска музичка мрежа

ФОТО: Тијана и Фрајле ја отпеаја баш како што треба!

ФОТО: Тијана и Фрајле ја отпеаја баш како што треба!

 

Нашата позната пејачка Тијана Дапчевиќ и популарниот српски женски бенд „Фрајле“ ја претставија својата заедничка песна „Животе крени“ (Аматери).

Автор на музиката и текстот е Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот е направен во студиото „3000“.

Тијана е прекрасен уметник, духовита и своја. На снимањето одлично се забавувавме. Песната веќе ја изведовме на концертите во Сава Центарот и Српскиот народен театар и публиката реагираше одлично. Тоа е една боемска молба проткаена со прашања за денешната музичка ситуација во Србија. Прашањата се сериозни, но ние ги поставуваме на еден шеговит начин – изјавија „Фрајлите“.

Новата песна што јас и ’Фрајлите’ ја подготвивме за вас е песна за сите нив. Кога велам ’нив’, мислам на оние што се повикани во песната, а тоа секако дека не е никој од нас, ни од вас, бидејќи никој нема да помисли дека песната е баш за него. Бидејќи песните не обрнуваат многу внимание на тоа кој ги пее, тоа престанува да биде важно. Тие служат за да бидат тука. Тоа им е работа. А на сите нам ни е работа да си дозволиме себеси да не сме на работа. Да уживаме. Да молчиме. Да зборуваме. Да танцуваме. Да се пријавиме први. Да не се јавуваме воопшто. Да ги искулираме нервозните. Стоката да ја испратиме… на прошетка. Да пееме. Да туриме уште по една. И повторно да пееме. Секогаш да пееме – додаде Тијана.