ммм - македонска музичка мрежа

„Гаврнмент“ го објавија деби албумот „Разбуди ме“и видеото за „Црна земја“

„Гаврнмент“ го објавија деби албумот „Разбуди ме“и видеото за „Црна земја“

 

На него покрај насловната тема се сместени и темите „Run Baby Run“, „Градот“, „Falling Away“, „Политичар“, „Небо“ и „Rain“. Осумте песни се авторски композиции, текстовите со социјална нота, инспирирани од секојдневните прашалници кои висат над нас и како живееме или живуркаме во она што го нарекуваме демократија.

Screenshot_8

Албумот содржи искрени и јасни пораки, на моменти симболични, саркастични, брутално искрени кои треба до допрат до масата истомисленици. Сниман е во студиото на Младинскиот Културен центар – Битола, а за техничката поддршка заслужен е Димитар Жиров – Жирка. Миксот и мастерингот се на фронтменот Горан Јаневски, додека зад визуелниот идентитет на албумот стои Златко Никодиновски.

Истовремено со новото издание, кое може да се набави преку сите музички платформи како што се Ајтјунс, Амазон, Дизер и други, битолчаните го промовираат и новиот видео запис за темата „Црна земја“, која е и саундтрак за филмот„Обожение“ на авторскиот тандем СДветислав Подлешанов и Кирир Каракаш. Како изгледа и звучи истата погледнете во продолжение.