ммм - македонска музичка мрежа

Прекрасната Македонија во новиот спот на Љубојна и Исмаил Лумановски! (видео)

Прекрасната Македонија во новиот спот на Љубојна и Исмаил Лумановски! (видео)

 

Новиот видео запис на групата Љубојна и Исмаил Лумановски е за песната „Излегу да се рашета“. Спотот е снимен на повеќе локации низ Македонија, во реализација на Горила Филмс. Режисер на спотот е Горан Костадинов, директор на фотографија Кристијан Теодоров.

5

Во исто време подготовките за предновогодишниот концертот на „Љубојна“ продолжуваат.

6

Горила продукција во склоп на Таксират, Ви ја најавува македонската музичка сензација „Љубојна“, кои ќе настапат на 17-ти Декември во Арена Борис Трајковски, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет, Џамбо Агушев на труба и пијанистот Васил Хаџиманов.

4

Концертите што последните неколку години во Скопје успешно ги свири групата, станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на групата „Љубојна“. Билетите за концертот можат да се набават во салоните на мк тикетс, салоните на Оне, Југотон.