ммм - македонска музичка мрежа

И после толку години Суперхикс звучи одлично!

И после толку години Суперхикс звучи одлично!

 

Суперхикс, бендот кој многумина го сакаат повторно ја потврди својата оригиналност и уникатност на македонската музичка сцена.

Новата песна „После толку години“ која Хикси ја нудат како трет сингл во последно време, по „Мајмуни“ и „Мики Ли“ e дело на Петар Младеновски – Пеце, додека аранжманот е на целата група.

Во кујната на ска-панк бендот се крчкаат уште неколку нови песни, кои се очекува да се појават како албум во средината на 2016 година.

Слушајте и уживајте во претстојните празници!