ммм - македонска музичка мрежа

КАКО ВО СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА: Ѓорѓи Крстески со одлична нова песна и спот

КАКО ВО СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА: Ѓорѓи Крстески со одлична нова песна и спот

 

Ѓорѓи Крстевски по подолго време се враќа на сцената со одличната нова песна, слична на оние добрите стари, „Ти победуваш“. Самиот Ѓорѓи е комплетен автор на песната, но и спотот.

Еве што изјави Ѓоле:

На промоцијата на вториот албум ‘Засекогаш’, еден пријател ми рече: “Ѓорѓи, на првиот албум ги имаше ‘Таму некаде’, ‘Несудена’, и ‘Песна за тебе’,бидејќи те познавам, и знам дека со секој производ се трудиш да бидеш што подобар, се плашев дали ќе успееш да ги надминеш овие песни. Сега сум мирен, бидејќи знам дека на овој албум ги имаш ‘Посилни од се’, ‘Засекогаш’, и ‘Љубов е’, но од друга страна сум уште позагрижен, што дури сега не знам како ќе успееш да ги надминеш сите овие заедно.“ Му се заблагодарив, го прегрнав и се насмевнав, бидејќи знаев дека веќе ги имам на хартија како музика и текст, а почнував да им ги подготвувам и аранжманите на ‘По милионити пат’, и ‘Мила моја’ кои беа дел од планот за третиот албум. Но, времето ме демантираше,можеби беа прави песни, во погрешно време, а и јас ја тргнав ногата од гасста, и пустив во лер, а кола пуштена во лер, има тенденција да забавува. Сега,мојата нога се уште не е на гасста, и не знам кога и дали тоа ке се случи, но креативноста не знае за пауза, и верувам дека ‘Ти победуваш’ е најблиску што можам да пријдам до славната шестка. Не знам што чекасе оваа песна, четири години стои спремна во компјутер. Можеби чекаше Крстевски Мјузик да созрее и како видео продукција за да може да добие и ваков, поинаков спот. Можеби и требаше уште поголем предизвик, па да се бори не само со вечно зелените веќе споменати шест нумери, туку и со мојата неволјност да бидам дел од ова музичко невреме. Не знам, јас и реков, песно, од мене ќе добиеш спот каков заслужуваш, понатаму си сама, те оставам на новинарите, уредниците, медиумите. Те оставам на здравиот разум на музичката јавност. Нема да добиеш промоција, ниту маркетинг, ниту посебна дистрибуција, и нема да ти го чувам грбот од злите јазици, деструктивните кругови на естрадата и нивните долги раце, не затоа што не можам, туку не сакам. А во срцата на луѓето, знам дека брзо ќе влезеш, и ќе останеш. И ете ја, ’Ти победуваш’ на фронтот, сама. Пред неа, медиумски и естраден хаос, а публика желна и достојна за нешто ново, подобро, а наше, македонско.
Драги мои, беше моја, сега е и ваша. Уживајте, ВЕ сакам.

Тука сименте ја песната БЕСПЛАТНО!