ммм - македонска музичка мрежа

Слушнете ја официјалната верзија на песната „Доста глумиме“ од Теа

Слушнете ја официјалната верзија на песната „Доста глумиме“ од Теа

 

По неколкумесечното освојување на радио етерот низ Македонија, а на барање на сите оние кои сакаа, а не можеа да ја слушнат надвор од топ листите, најновото од Теа, „Доста Глумиме”, денес и официјално се појавува во интернет просторот.

Музиката и аранжманот за песната се дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Теа и Магдалена Цветкоска Ена. Ова е воедно и најава за појавувањето на „Доста Глумиме” на МАРС, како една од највртените песни за 2015 година.