ммм - македонска музичка мрежа

Бендот „Ај Кју“ со видео запис за „Еве пак“

Бендот „Ај Кју“ со видео запис за „Еве пак“

 

Бендот „Ај Кју“ го промовираше носечкиот сингл од својот албум „Само Сакав“.

Песната „Еве пак“, доби и видео запис, кој се снимаше повеќе денови на повеќе локации во Охрид, Свети Наум, Галичица, Матка и Скопје во реализација на Горила Филмс.

Бендот по успешната концертната турнеа која ја имаше летово, продолжува со своите активности, а прво следно нешто е и нивното прво учество на „Скопски фестивал 2015“ со композицијата „Убава“, која ќе ја слушнете во четврток (12 ноември) како шеста по ред.

Од бендот велат дека во план е издавање на уште еден сингл до крајот на годината.

л