ммм - македонска музичка мрежа

Некст Тајм со спот за Некст Тајм!?

Некст Тајм со спот за Некст Тајм!?

Две заводливи девојки кои се борат во кал, моторџии кои се обложуваат на една од нив и бенд во кој како тапанар се појавува Марко - Тротоар е дел од сценариото кое Томато Продукција го изработи викендов за новиот видео запис на Некст Тајм за истоимената нумера.

- Беше навистина жешко да се свири и да се гледаат две секси девојки како се борат во кал. Сценариото за овој спот е сосема поразлично од она што сме го работеле до сега и сигурни сме дека видеото ќе има рекордна гледсност. Мораме да им се заблагодариме и на моторџиите од клубот „Крос Беарерс“ (Носачи на Крстот) од Велес кои одлично ја одиграа својата улога - изјавуваат Мартин и Стефан.

"Некст тајм" се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст. Видео записот ќе биде промовиран пред новогодишните празници, после кои ќе излезе и новиот сингл на Некст Тајм.