ммм - македонска музичка мрежа

Лозано и Есма на Евровизија!

Лозано и Есма на Евровизија!

Македонски претставник на Изборот за песна за Евровизија 2013, кој ќе се одржи во Шведска, ќе биде Влатко Лозаноски - Лозано, заедно со Есма Реџепова. По многу размислување одлуката ја донесе дирекцијата на Македонската Радио Телевизија, како носител на овој проект. Со оглед дека Лозано е квалитетен вокал, а Есма ја познава целиот свет, нема да биде нескормно ако очекуваме (конечно) (по)висок пласман на Евросонг.

Со оглед дека Лозано има повеќегодишна успешна соработка со композиторот Лазар Цветкоски, можеби е логично доколку претпоставиме дека токму тој ќе ја напише нашата евровизиска приказна за 2013-та година. Од друга страна, кариерата на Есма по смртта на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски, продолжи да ја води Симеон Атанасов, што ни дава за право да помислиме дека можеби и тој малку ќе ги замеша прстите во песната која ќе ја пеат Лозано и кралицата на ромската песна...