ммм - македонска музичка мрежа

Пука Козметика настапија во Швајцарија

Пука Козметика настапија во Швајцарија

 

Хип-хоп составот Пука Козметика заедно со нивниот диџеј Димитри Је Ја, настапија во реномираниот тунел клуб во Луцерн, Швајцарија, на покана на еден од најдобрите диџеи во земјата, Марио Х.

Во преполниот клуб, македонскиот хип -хоп состав пееја на македонски и тоа донесе радост кај повеќемина македонци кои присуствуваа во публиката, а се покажаа и како најгласни меѓу посетителите.

Ова воедно е и првиот настап на Пука Козметика надвор од Балканот, но уште од сега може да се најави и следното гостување во Луцерн.

Покрај, Швајцарија, Пука Козметика најавуваат и настапи низ Италија и Германија, за што е заслужен нивниот менаџер за европски пазар, кој е со македонско потекло но живее и работи во Швајцарија.

Пука Козметика се актуелни со последниот хит сингл Без Блејзин, што во моментов можете да го поддржите на топ листата на Домачица на регионалниот МТV Адриа музички канал...