ммм - македонска музичка мрежа

Памперс на фестивал во Унгарија

Памперс на фестивал во Унгарија

Битолската група Памперс ова лето може да се пофали со присуство дури на 7 фестивали. На 10-ти август беа учесници на битолскиот Акто фестивал, само три дена потоа, на 23-ти август, учествуваа на Бит Фест на 16-ти овој месец беа дел од BEER Fest во Албанскиот град Корча, а ден потоа учествуваа на Карпошовото лето. Она што следува во збиената агенда на Памперс е учество на големиот Сзин фестивал во Унгарија, кој е еден од најдобрите во Европа, тие својот настап таму ќе го имаат на 23-ти август. На овој фестивал освен Памперс ќе настапуваат еминентни имина како Koshean, Quimby, ATB и многу други...

Вакво лето посакува секој бенд, секој музичар учество на дури седум фестивали во еден месец зборува дека нашата музика, која со доаѓањето на новите членови донесе нова енергија во создавањето на нашиот нов материјал, некому му се допаќа, а тоа е целта на постоењето на секој музичар, вашата музика да има што повеќе фанови. Среќни сме и ги привршуваме последните подготовки за да звучиме најдобро утревечер на престојниот Сзин фестивал во Унгарија - изјавија членовите на Памперс. По враќањето од Унгарија 30-ти август тие ќе бидат дел, од скопскиот Пиволенд, а потоа ќе продолжат со работа во студио на нов аудио и видео материјал не информираат од Горила продукција.