ммм - македонска музичка мрежа

Во пресрет на новиот албум - La Colonie Volvox промотивно во Марибор

Во пресрет на новиот албум - La Colonie Volvox промотивно во Марибор


La Colonie Volvox за 10-ти септември најавуваат концерт во Марибор/ Словенија, кој ќе биде своевидна промоција на новиот, 5-ти по ред албум на групата, планиран да излезе кон крајот на септември за E Go East Records.

 

По Марибор ќе следи концертна промоција во Скопје и низ Македонија.

***

La-Colonie-Volvox-2

Ла Колони Волвокс постои од 2002 година, а до сега има
издадено 4 албума Abstractology (2006, SJF Records), Wasteland
(2006, SJF Records), Europa (2009, EGoEast Records) и East
West And Rest (2010, EGoEast Records), музички патувања кои
се движат од традиционалните песни и world music стилот до
амбиентална музика и фри-џез.

Во последно време, Ла Колони Волвокс се состои од шест
членови: Сашо Гигов – Гиш (вокал, перкусии), Калина
Велковска (вокал), Предраг Икономовски (ак. гитара, вокал),
Кристијан Евго (ут, вокал), Драган Стојковски (тамбура,
вокал) и Гоце Наумов (перкусии, вокал) и е насочена кон
култивирање на акустичниот звук.

Во своето музичко
истражување, допирајќи се посредно и непосредно со
феноменот world music продуцираше нов тип на музички
израз, во кој мело-поетските мотиви од европското музичко
наследство, американската блуз култура и суфи музиката се
вкрстуваат низ македонската вокална и инструментална
традиција, резултирајќи со автентичен етно-глобален продукт
во кој се инкорпорирани песни на македонски, окситански,
француски, ладино, англиски, турски и други јазици.
Основната интегративна идеја е да се допре до суштината на
трубадурската песна и нејзината универзална порака –
љубовта.

Ла Колони Волвокс има богато концертно искуство, а меѓу
останатите настапила и на EXIT (Serbia), Interzone (Serbia),
Bansko Jazz Festival (Bulgaria), Venice Bienale (Italy), Balkan
Ante Portas (Belgium).