ммм - македонска музичка мрежа

Балканските земји симболично обединети на концерт

Балканските земји симболично обединети на концерт

По повод 100 годишнината од завршетокот на Балканските војни Турската Национална Радио Телевизија приредува голем музички спектакл Балкан фест на кој ќе ги собере на едно место најзвчучните балкански ѕвезди изведувачи на традиционална музика, од 9 различни земји

Под мотото Од Балканските војни до Балканскиот мир на 1-ви септември со почеток во 20:00 часот на плоштадот Македонија ТРТ ќе организира целовечерен концерт на традиционална музика наречен Балкан Фест.

На овој фестивалот ќе земат учество најпознатите ѕвезди од регионот, а најавен е настапат на 14 различни изведувачи од Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Бугарија Турција, Грција, Босна и Херцеговина како и Македонија. Организаторот најавува вистински спектакл на кој сите посетители ќе имаат ретка можност да уживаат во звуците на најголемите фолк изведувачи од балканските земји како што се: Есма Реџепова (МК), Исмаил Лумановски (MK), Георге Христов (БГ), Теодосиј Спасов (БГ), Ирма Либохова (АЛБ), Ханка Палдум (БиХ), Сузан Кардеш (ТУР), Сурки Туткун (ТУР), Серкан Чари (ТУР), Мирко Свенда(ХР), Ксенија Мијaтовиќ (СРБ), Шкурте Фејза (КС), Софиа Папазоглу (ГР), Христос Пападопулос (ГР).

Станува збор за исклучително познати ѕвезди како во своите земји така и пошироко во регионот. Некои од нив за првпат ќе се претстават пред македонската публика што претставува ретка можност за сите љубители на традиционалната музика.

Сите од нив во своите соло настапи ќе бидат придружувани од големиот турски симфониски оркестар, составен специјално само за овој концерт од страна на Турската Радио Телевизија.

Целиот настан ќе го снима во живо на ТРТ-1, а ќе се пренесува во живо и во останатите балкански земји. Целта на овој голем музички настан е дополнително меѓусебно запознавање на балканските народи и испраќање на порака дека музиката не познава граници и секогаш обединува.