ммм - македонска музичка мрежа

Пука Козметика на МТВ Адриа

Пука Козметика на МТВ Адриа

Пука Козметика рамо до рамо со сите екс ју групи и бендови, се најдоа на престижната топ листа „Домаќица“ на музичкиот канал МТВ Адриа со последната нивна песна „Без блејзин“.

После подолго време, на оваа топ листа може да се слушне македонскиот јазик, затоа сите оние кои сакаат да ги поддржат, тоа може да го сторат на следниве линкови:

Топ листа Домаќица Србија
Топ Листа Домаќица Словенија
Топ Листа Домаќица Хрватска
Пука Козметика Без Блејзин

Песната е дел од последниот албум на Пука, кој неодамна беше промовиран на УСБ стикови. Музика ја напиша Иван Георгиевски, познат како диџеј Номадуз, текстот е на Пука козметика, а аранжманот на Скит Скитара.