ммм - македонска музичка мрежа

Калиопи и Карамазов со концерт во Херцег Нови

Калиопи и Карамазов со концерт во Херцег Нови

Првата дама на македонската поп-музика Калиопи, заедно со Един Карамазов продолжува со изведба на својот концертен проект Oblivion.

Имено, на 17.август истиот ќе го отсвират пред публиката во Херцег Нови во рамките на меѓународниот Guitar Art Summer Fest.

Концертот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Канли Кула со почеток во 21 часот. Следната изведба на Oblivion е закажана за 11-ти септември во Ниш.

Инаку, Калиопи во Херцег Нови допатува од Задар, каде што одмoраше неколку дена во друштво на своите пријатели, меѓу кои и Масимо Савиќ и неговата сопруга Ени, a предходно престојуваше и во Стариград, Пакленица, каде што имаше средба со Карамазов...