ммм - македонска музичка мрежа

Лана Јурчевиќ: Одвај чекам да запеам на Макфест!

Лана Јурчевиќ: Одвај чекам да запеам на Макфест

Во пресрет на уште едно издание на Макфест, хрватската пејачка Лана Јурчевиќ, која ќе настапи со темата Шта је моје, шта је њено, најде време да одговори на неколку наши прашања:
Какви се очекувањата од Макфест 2012?
Песната е поинаква од моите досегашни песни, но, од друга страна, таа е онаква каква што сум јас, во музичка смисла. Одвај чекам да запеам во живо во Македонија.
Следиш ли она што се случува на македонската сцена?
Деновиве ќе ги преслушам песните од Макфест. Во Македонија имам неколку навистина драги пријатели. А, што се однесува до музиката, ми се допаѓаат неколку ваши пејачки. Мислам дека се супер...
Што те очекува до крајот на годината? Ќе има ли нови песни, настапи...?
Секој ден сум во студио, каде завршувам албум. Паралелно сум медиумски активна, снимам, настапувам... Во Загреб има центар за фитнес и танц, и наскоро ќе почне со трета сезона...