ммм - македонска музичка мрежа

Игор Митровиќ од Бугарија до Макфест

Игор Митровиќ од Бугарија до Макфест

Игор Митровиќ викендов (14, 15 и 16 септември) патува за Бугарија, Сандански каде што победи на интернационалниот фестивал BYF пред 2 години. Како минатата година, така и оваа, е поканет од страна на фестивалот да биде во жири комисијата на поп вечерта, заедно со повеќе интернационални звучни имиња. Причината која што ќе оди Игор во Сандански, не е само тоа што ќе биде во жири комисијата, туку ќе има и свој солистички концерт. До оваа идеја, дошла директорката на фестивалот Емилија Маринова, која што му ја предложила на Игор, а тој со задоволство ја прифатил. Во сабота навечер, Игор ќе има свој солистички концерт од 45 минути на летната сцена во Сандански, каде што ќе ги испее сите свои песни, и неколку странски.  За ова инфо побаравме изјава од Игор и еве тој што ни кажа:

Во петок сабајле заминувам за Бугарија, Сандански каде што во петок навечер сум дел од жири комисијата на фестивалот BYF, каде што добив покана од директорката Емилија и секако по минатогодишното искуство ја прифатив и оваа со задоволство, бидејќи стекнувањето на искуство и пријатели е незаменливо. Покрај сето тоа, ја добив и најдобрата понуда за која секој пеач сонува. Оваа година да направам на летната сцена  во Сандански свој солистички  концерт каде што ќе ги испеам сите мои песни и 3 мои омилени странски песни. Моментално сум во подговотовки за тој концерт, и морам да признаам дека сум многу возбуден и среќен што тоа ми е сон цел живот, да имам свој солистички концерт и ете, дојде и тој момент. На сцената ќе ме придружуваат танчерската група Breaking Feet од Албанија...

Игор освен што се подготвува за солистичкиот концерт во Бугарија, воедно и се подготвува за нашиот домашен фестивал Макфест 2012 каде што ќе настапи во Октомври месец во дует со Фани Христова со песната Далеку од овде, чије дело е на Бобан Апостолов – Џани (музика и аранжман) додека текстот е на Фани Христова. Веднаш после Макфест, Игор и Фани ќе снимат видео запис за истата песна.
    
Меѓу другото, Игор се спрема за своето првенче албум, кое што треба да искочи кон крајот на оваа година, или почетокот на 2013. Сега е во преговори, со неговиот нов тим, со кои што планираат голема соработка и спремаат големи проекти.

Не сакам да избрзувам од пред време и да зборам за нешто што не сум сигурен, затоа нема да ви откријам ништо сега, но прва прилика кога целата оваа зделка ќе биде потпишана со договор, ветувам дека ќе ве информирам. Сега за сега, можам само да потврдам дека со новиот тим полека го реализираме моето првенче албум, кој што долго време го чекав, и би требало според нашиот план да искочи во јавноста крајот на оваа 2012 година или пак почетокот на 2013 година.

И, како нова информација која што може сите да ве изненади, Игор веднаш по дипломирањето на факултетот за дизајн и мултимедија, се вработи во фирмата Демакс Нова како графички дизајнер, и е технички уредник на неделниот весник Живот и Здравје. Сега со нови сили продолжува на мастер студии на истиот факултет.